Црна хроника
15-годишно девојче донесено во болница со прострелна рана во главата
15-годишно девојче вчера било донесено во болница со прострелна рана во главата кога претходно во семејниот дом ја пронашол брат ѝ. Како што информира полицијата, вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда на главата од огнено оружје.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот 18-годишен брат со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „црвена застава“, сопственост на татко ѝ, кој го поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Прегазен маж на регионалниот пат Гостивар-село Градец: со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Уапсен 55-годишник од неготинско: возел под дејство на алкохол
Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско.
При сообраќајна контрола на ул.„Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

