Црна хроника
152 сообраќајни прекршока во Скопје, 45 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.9.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 6 за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 15 за прекршоци што ги чинат пешаците, 43 за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Товарно возило со српски ознаки удрило во објект на Царинската управа: ги оштетил покривот и рампата

Вчера окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата.
Полицијата информира дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Скопјанка истепана од сестра си

Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзината сестра, соопшти полицијата.
Во СВР Скопје вчера во 14:30 часот, 63-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.10.2025 околу 19:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината сестра С.В..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина 69-годишен маж: со возилото излетал од патот во Гостиварско

Вчера во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.