Црна хроника
Државјанки на Албанија, Косово, Србија и на Украина приведени во објекти во гостиварски села
Вчера, во периодот од 1.20 до 2.45 часот, полициски службеници од Оддлението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Тетово и Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ извршиле контрола во угостителски објекти во гостиварските села Врапчиште и Неготино, сопственост на Ф. Б. и С. Т., извести МВР.
„При контролата во објектите биле затекнати 16 странски државјанки (Албанија – 7, Косово – 3, Србија – 1 и Украина – 5) кои престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој“, соопшти МВР.
Тие биле приведени во ОВР Гостивар и против нив се поднесени барања за поведување прекршочна постапка според Законот за странците, а од страна на судот им се изречени глоби и прекршочни санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Кумановско
Вчера, во 6.25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Макреш, атар на с. Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј. С. (45) од Куманово, и патничко возило „рено меган“, управувано од А. С. (36) од с. Канарево, Кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. С., а неговиот сопатник С. А. и другиот возач А. С. добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.