Црна хроника
166 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи.
Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 106 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Му се заканувала на семејството и била агресивна – приведена 32-годишна прилепчанка

Полицијата доцна синоќа приведе 32-годишна девојка од Прилеп која агресивно се однесувала и им се заканувала на членовите на нејзиното семејство.
„На 26.05.2023 во 02:00 часот во Прилеп од полициски службеници од Полициската станица Прилеп била лишена од слобода К.И.(32) од Прилеп поради тоа што во домот агресивно се однесувала и упатувала закани кон членови на нејзиното семејство“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Жена најдена почината во стан во Аеродром

Седумдесет и шестгодишна жена од скопската населба Аеродром вчера била најдена почината во својот стан.
„Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Црна хроника
Манијак вознемирувал млада девојка во парк, пријавила дека ја допирал

Дваесет и петгодишна девојка пријавила дека околу 2 часот во Градскиот парк била допирана по телото од едно лице.
Како што објави МВР, вознемирувањето се случило пред неколку дена.
„На 24.05.2023 25-годишна жена пријавила дека околу 02.00 часот во Градскиот парк во Скопје, била допирана по телото од едно лице“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.