Црна хроника
172 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.5.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство во женското одделение во Идризово, осуденичка е тешко повредена

Во женското одделение во затворот „Идризово“, пред два дена, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката, како што информираа од полицијата, учествувале осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца гостиварци купиле ист стан, МВР го расчистува случајот

Двее лица од Гостивар на возрааст од 42 и 58 години, пријавиле дека биле измамени од Џ.С. – сопственик на градежна компанија од овој град.
Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазен пешак во Скопје

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје.
По случката, возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.