Црна хроника
174 казни за непрописно паркирање во општина Центар

За седум дена казнети 174 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во општина Центар, информираат од Општината.
Според извештајот од таму, во периодот од 22.2. до 28.2.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле 90 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 84 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.
Од Општина Центар и Јавното птретпријатие „Паркинзи“ напоменуваат дека мерката ќе ја спроведуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење на тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење на улиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени две лица од Струга и Струшко, осомничени за физички напад и пукање од огнено оружје, следува пријава

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.К.(29) од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот го лишија од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А.(52) и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште, по што Л.К. со пиштол испукал неколку куршуми кон Б.А. и избегал.
По преземени мерки, двајцата се пронајдени и лишени од слобода. Повредениот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Вчера во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово.
При претрес во домот и помошни простории во Тетово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин.
Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана

Вчера, во 11 часот, на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 41-годишниот С. М. од Белгија.
При граничната контрола и проверка во неговиот личен багаж се пронајдени и одземена марихуана и семки од растението канабис.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.