Црна хроника
174 казни за прекршоци што ги прават пешаците
Во текот на вчерашниот ден (31.1.2023), во периодот од 10 до 14 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата санкционирани се 174 пешаци, од кои 143 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.
На територијата на СВР Тетово – 40 санкции, на територијата на СВР Штип – 34 санкции, на територијата на СВР Битола – 28 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во струшко, пронајдени дрога и куршуми, уапсен 28-годишник
Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода 28-годишниот Д.Р. од истото село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук.
40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР.
„Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

