Црна хроника
18-годишна скопјанка нападната во влез од зграда, маж ја допирал по телото
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 27-годишен штипјанец: при претрес пронајдена марихуана
Вчера во 11:50 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода 27-годишниот М.Џ. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени возачи во Кичево и ресенско: управувале возила под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената
Вчера во 09:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од с.Лазаровци, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта.
Вчера во 18:55 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен сопреле патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(36) од Охрид, затоа што при контрола во патниот сообраќај е констатирано дека го управувал возилото со брзина од 105 километри на час на место каде е дозволено 50 километри на час.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

