Контакт

Топ

18-годишник загина во сообраќајна незгода на автопатот Гостивар – Тетово

Објавено пред

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Е. З. од гостиварско Чегране, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата Е. З. добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош, а на пат за комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје им подлегнал на повредите“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител, ќе се врши обдукција.

Македонија

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Објавено пред

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства, што се реализира под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“, истакна министерот за здравство Аѕир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Денес уште еднаш сакаме да укажеме на опасноста од нивно недозволено користење. Затоа уште еднаш упатуваме апел до граѓаните да не се користат пиротехнички средства за преостанатиот дел празниците, кои може да доведат до сериозни последици по здравјето и до траен инвалидитет. Петардите не се играчка, нивното користење е забрането, можат да предизвикаат сериозни повреди на очите, на дланките, изгореници и тешки повреди на телото како резултат на недозволено користење пиротехнички средства“.

Во рамките на кампањата, како што информираше, беше воспоставена поширока меѓуинституционална соработка и координација, во која активно се вклучија доктори од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, матични лекари, студенти по медицина и специјализанти, како и претставници од Министерството за внатрешни работи.

Кажа дека преку заеднички план на активности и усогласени едукативни пораки, во текот на декември, минатата година, биле одржани предавања во 137 основни и средни училишта во 27 градови низ државата, со кои биле опфатени 14 илјади ученици.

„И покрај вложените институционални напори и обемот на едукативните активности, пораката мора да се повторува, затоа што последиците од недозволената употреба на пиротехнички средства и понатаму се реални. Лекарите посочуваат дека за време на новогодишната ноќ кај седум лица (двајца возрасни и пет деца) било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, извршена била ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија. Овие седум интервенции се потсетник дека за секоја повреда следуваат процес на лекување и трајни последици.

Фактот дека меѓу повредените има деца, кај дел од нив била потребна ампутација, доволно зборува за тежината на последиците врз здравјето. Затоа, упатувам посебен апел и до родителите да не дозволуваат пиротехника во рацете на нивните деца и празниците да ги завршат со насмевки, а не во хируршки сали.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Објавено пред

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот за санкционирање на корупцијата и криминалот во регионот, истакна на прес-конференција Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Зошто е ова многу значајно за Македонија? Заради врските и поврзаноста на актуелната власт во Македонија кои Антикорупцискиот тим на СДСМ целосно ги разоткри. Објавивме сериозен скандал со сомнителни зделки за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на „Алта банка“, институција која во јавноста е препознаена како блиска до Вучиќ и структурите на СНС.

Банкарот на Вучиќ – стана банкар и на Мицкоски во Македонија.

За овој скандал побаравме Управата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова сомнително преземање и темелно да се испита потеклото на парите.

До денеска нема никаква реакција од ниту една надлежна институциј“.

Денеска, нагласи Димитријевиќ, откриваме нова врска, уште една поврзаност на „Алта банка“ со структури на ВМРО-ДПМНЕ, финансиери и функционери.

„Кој уште е дел од Алта банка во Македонија? Во менаџерскиот тим стои името на Лидија Неделкова. Звучи познато? Дали е ова симболот на „сваровски судство“ од времето на Груевски, која беше разрешена од Судскиот совет? Во Надзорниот одбор е Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски.

Ќе го споменеме и малку познатиот Марјан Закев, член на менаџерскиот тим, кој во минатото бил сопственик и управител на фирма во која во 2014 година влегува „Ексико“ Скопје. На јавноста е позната по офшор-структурите и бизнис круговите блиски до Мијалков и Камчев, како и со предметот „Империја“.

Ако на ова се додаде и фактот дека за Член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се е јасно“.

Оваа, како што ја нарече, ренген слика за цела една структура според него е директен доказ за поврзаноста на „Алта банка“ со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија.

Праша дали затоа молчи Јавното обвинителство и не презема ништо и дали Мицкоски има отворено сметка во „Алта банка“.

„Бидејќи во јавноста веќе се објавени информации за уплати во инвестициски фондови во Србија, поврзани со структури блиски до СНС прашуваме: Дали некој функционер, член или близок соработник на ВМРО-ДПМНЕ има инвестирано или уплаќано средства во овие фондови? Очекуваме одговори и одговорност“.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Објавено пред

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија. Документот содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди, велат од МНР како одговор на бугарското МНР дека  Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Процесот на изработка на Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците се одвиваше во повеќе фази, започнувајќи од 2023 година, при што финалната доработка беше интензивирана во последните шест месеци од 2025 година. Во текот на целиот процес беа активно вклучени и редовно консултирани домашни и меѓународни експерти од областа на меѓународното право, човековите права и правата на малцинствата. Од страна на Советот на Европа и Европската комисија беше нагласено дека документот ги опфаќа сите релевантни европски и меѓународни стандарди.

Загрижува фактот што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија, што не придонесува за градење доверба и добра верба меѓу двете држави. Наместо неаргументирани коментари, од нашиот сосед очекуваме европско однесување, меѓу другото и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик.

На крај, потенцираме дека Република Северна Македонија е препознаена како позитивен пример на европско ниво во примената на правата на заедниците и така ќе продолжи и во иднина. Остануваме цврсто посветени на еднаквоста, инклузијата и ефикасната имплементација на политиките во интерес на сите наши граѓани“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...

Македонија3 часа

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување...

Свет3 часа

Премиерот на Гренланд: Изјавите на Трамп за „потребата од Гренланд“ се неприфатливи

Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, денес изјави дека неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за американската потреба од...

Македонија4 часа

Бугарското МНР: Скопје повторно отстапува, прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците е внатрешно

Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавија...

Свет5 часа

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на Мадуро, тие и по 48 часа се без став за апсењето на венецуелскиот диктатор

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека опозициската СДСМ и по 48 часа нема изнесено став за апсењето на венецуелскиот лидер Николас...

Култура6 часа

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Култура6 часа

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар...

Свет8 часа

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и...

Свет8 часа

Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите...

Македонија8 часа

Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата

Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен...

Македонија21 час

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија24 часа

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ1 ден

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет1 ден

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...

Свет1 ден

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти...

Свет1 ден

(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан...

Македонија2 дена

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав,...

Свет2 дена

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица,...