Црна хроника
19-годишник со „фолксваген“ со италијански таблички прегази пешак во Чаир, повредени и двајца малолетници во автомобилот
Вчера, на „Македонско-косовска бригада“, пред крстосницата со улицата Адем Демачи, патничко возило „фолксваген“, со италијански национални ознаки, управувано од А. С. (19) од с. Арнакија, Скопско, удрило во пешакот С. Х. (49) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а телесни повреди добиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Товарно возило излета од патот во Тетовско: тешко повреден маж од Србија
Во СВР Тетово вчера во 18.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Мотоцикл удрил во паркирано возило на „Партизанска“
Синоќа во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Топ
Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот
Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.