Црна хроника
20 годишен возач од Свети Николе прегази 62 годишен пешак

Вчера во 20.05 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.З.(20) од Свети Николе, удрило во пешакот З.З.(62) од Свети Николе.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.