Топ
20-годишен тетовец пронајден починат на паркинг, полицијата приведе дилери на дрога

Дваесетгодишник од тетовското село Теарце бил пронајден починат на паркинг пред станбена зграда на улица „Илинденска“.
МВР соопшти дека по наредба на Јавен обвинител била извршена обдукција, а во врска со случајот приведени се дилери на дрога.
„Приведени се Л.Д.(23), Ј.С.(24), А.О.(25), А.О.(35) и П.A.(71), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба наркотични дроги“, а ноќта (02.03.2023) во 01.10 часот на улица „113“, од слобода бил лишен и Б.Х.(19) од Тетово“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес на компанијата.
Град Скопје соопшти дека на лице место се екипи на ТППЕ Скопје со цел изолирање на инцидентот како и инспекторите од град Скопје кои составија записник за хаваријата.
„За ваков тип на хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот. Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице Екопор не превземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес“, велат од Град Скопје.
Се додава дека за овој објект кој е под надлежност на општина Кисела Вода, апелираат до општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата.
Претходно од МВР информираа дека било пријавено дека на булеварот Борис Трајковски во близина населбата Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.
Македонија
ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за тоа дали може Македонија да добие гаранции за да ги спроведе уставните измени.
Првиот човек на Европскиот совет вели дека држата треба да го исполни договореното од 2022 година, и нема повеќе простор да се бара нешто друго за договор.
„Не ни е потребен план ‘Б’, само треба да го исполниме планот ‘А’“, рече Кошта.
Според премиерот, Христијан Мицкоски, преговарачката рамка е грешка на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, а уставни измени без гаранции се неприфатливи, без испорака од другата страна.
„Ние тоа не можеме да го прифатиме, без да видиме добра волја и испорака од соседната страна. Не можеме ние да менуваме Устав по којзнае кој пат, а без да имаме јасна порака и јасна испорака од другата страна, тоа е бугарската страна, затоа сакаме да разговараме за да го решиме тој проблем“, рече Мицкоски.
Премиерот изрази подготвеност во било кое време да дојде во Брисел, во присуство на висок претставник од ЕУ, на преговори со Бугрија.
Мицкоски и Кошта заедно заминаа во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница. Премиерот најави добри вести за Македонија.
Македонија
Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција.
Во писмената оставка што ја доставил до премиерот, Христијан Мицкоски, наведува дека одлуката ја донел по внимателна лична и професионална проценка.
„Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес“, пишува во оставката.