Топ
2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица
Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии – возачите секојдневно гинат на патиштата во државата. Северна Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапатните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година, се вели во соопштението на Форумот за граѓански активизам.
Според нив, статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се констатира, дека 2019 година е најцрна година на патиштата во Република Северна Македонија споредувајќи ги последиците 20 години. Само за споредба: во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди 20 отсто во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена 25 отсто.
Во првите шест месеци од 2019 година во согласност со податоците добиени од Министерството за внатрешни работи 70 лица загинале во сообраќајни незгоди на патиштата во Република Северна Македонија. Статистиката и бројките одат нагоре, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди. Во нив досега се загинати стотина луѓе, а илјадници се повредени. Неодамна еден полициски службеник го загуби својот живот во сообраќајна незгода, еден беше повреден, пред неколку дена уште два полициски службеника се повредени во сообраќајна незгода.
„Безбедноста на сообраќајот на патиштата е една од приортетните теми на Европската Унија, за жал, во последно време во Република Северна Македонија се чини дека ова е една од најмаргиналните теми за државните институции. Ниту една институција не презема крајна одговороност да го реши овој важен проблем за граѓаните“, велат од Форумот за граѓански активизам.
Европската комисија во јуни оваа година објави стратешки документ со кој преку индикатори ќе се следи состојбата на безбедноста на патиштата во земјите членки на Унијата. Во таа насока документот предвидува намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди до 50 отсто до 2030 година и нула жртви во сообраќајни незгоди до 2030 година.
Политиката и партиските интереси се за политичарите, грижата за граѓаните е обврска на Владата и другите државни институции. Во таа насока ги повикуваме и апелираме до сите надлежни институции без одложување да го остават ова прашање на врвот на агендата. Македонија е земја што ќе биде членка на НАТО и земја што стреми да биде член на ЕУ, а безбедноста, грижата и здравјето за граѓаните се приоритет во високоразвиените земји.
Институционалните промени треба да бидат координирани, а пред сè насочени кон реформа и зајакнување на легислативата од страна на Министерството за внатрешни работи, вложување во инфраструктура и изградба на модерни патишта од страна на Министерството за транспорт и врски, побрз одговор при сообраќајна незгода од страна на Министерството за здравство и, конечно, формирање водечко тело за подигнување на безбедноста на патиштата, кое треба да биде грижа на Владата на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето
Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што моментално ги контролира. Изјавата доаѓа во време кога разговорите со посредство на САД за ставање крај на руската инвазија се во застој поради територијални прашања пред четвртата годишнина од војната, објави „Киев Индепендент“.
„Донбас е наш народ, не само територија“
„Илјадници, десетици илјади Украинци се убиени бранејќи го тој дел од Украина“, рече Зеленски во интервју водено од Пирс Морган. „Мора да разбереме дека Донбас е дел од нашата независност. Тој е дел од нашите вредности. Не станува збор за земја. Не станува збор само за територии. Станува збор за луѓе“.
Зеленски рече дека преговарачите постигнале поголем напредок во техничките дискусии, како што е тоа како да се следи потенцијалното примирје, отколку во политичките прашања. Тој нагласи дека секое трајно решение бара силни безбедносни гаранции и европска вклученост.
„Кога зборуваме за безбедносни гаранции, мислиме на цврсти гаранции дека остатокот од светот – или барем некои земји – ќе бидат подготвени да одговорат ако Путин се врати со својата агресија“, објасни Зеленски. Тој ја отфрли идејата за лична доверба во рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека на Украина ѝ се потребни „институционални“ гаранции.
Тој ги опиша Украинците како исцрпени по речиси четири години војна, но нагласи дека земјата останува обединета. Како примери ги наведе националната мобилизација за време на зимските енергетски напади и брзите поправки во Киев и другите градови. „Најтешката ситуација беше во Киев по сите овие напади врз енергетската мрежа“, рече тој, додавајќи дека „240 бригади дојдоа од сите региони за да ја обноват клучната инфраструктура во Киев“.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Свет
Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за иднината на Газа, на настан на кој ќе учествуваат претставници од повеќе од 45 земји.
Разоружувањето на Хамас, фондот за реконструкција и протокот на хуманитарна помош до палестинската енклава се прашања што ќе ја тестираат ефикасноста на Одборот во наредните недели и месеци. Се очекува Трамп да објави дека членовите досега собрале 5 милијарди долари за реконструкција на Газа, вклучувајќи по 1,2 милијарди долари од Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.
Одборот за мир е контроверзен бидејќи го вклучува Израел, но не и Палестинците, поради тоа што според замислата на Трамп би требало да се занимавала и со други прашања освен Газа, што предизвика загриженост дека би можела да се намали улогата на ОН како главна платформа за глобална дипломатија и решавање на конфликти.
Високи американски претставници, исто така, изјавија дека Трамп ќе објави дека неколку земји планираат да испратат илјадници војници во Меѓународните сили за стабилизација за да помогнат во одржувањето на мирот во Газа. Се очекува делегации од 47 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, да присуствуваат на настанот. Но, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, нема да присуствуваат на состанокот.
Покрај Трамп, меѓу говорниците ќе бидат и државниот секретар на САД, Марко Рубио, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, поранешниот британски премиер Тони Блер, за кого се очекува да има висока позиција во Одборот, амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, и високиот претставник за Газа, Николај Младенов.

