Црна хроника
Притворени соработници на поранешниот скопски градоначалник
Двајца блиски соработници на поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, синоќа се притворени поради злоупотреба на службената должност и противзаконско посредување
Ова денеска го соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека станува збор за лицата З.С. (50) од Скопје, консултант за економско-финансиски работи на поранешниот скопски градоначалник, и Ј.Х. (37) од Крушево, раководител на Секторот за сообраќај на град Скопје и претседател на комисијата за јавни набавки.Според МВР, консултантот на Костовски посредувал при склучување на договор за набавка на семафорска опрема, кој требало да биде одобрен од раководителот на Секторот за сообраќај. Тој иницирал постапка за јавна набавка, а заедно со консултантот го пролонгирале потпишувањето на договорот со фирмата „Електрософт“ ДООЕЛ Скопје, која во 2005 година поставила семафори на четири крстосници со Скопје и го условиле нејзиниот управител на сопствена штета да уплати донација од половина милион денари (околу 8.200 евра).Фирмата „Електрософт“, која со години соработувала со градот Скопје и постојано имала ненаплатени побарувања, во 2005 г. врз основа на устен договор со консултантот на Костовски, поставила семафори на четири раскрсници во Скопје.Постапката за јавна набавка на две од нив (кај Железничката станица и Скопски саем), со цел да се легализира веќе извршената набавка, била спроведена во текот на 2006 година, по што следело склучување договор и исплата на долгот кон изведувачот, фирмата „Електрософт“.За другите две крстосници кај новопробиениот Булевар кај студентски дом „Гоце Делчев“ и во населба Хром, се до 2008 година не била спроведена постапка за јавна набавка за да се легализира веќе извршената работа.Раководител на Секторот за сообраќај на град Скопје Ј.Х. во октомври 2008 година започнал постапка за јавна набавка, во која како најповолен понудувач е избран „Електрософт“, чиј претседател е Ј.Х. Фирмата што ги поставила семафорите контактирала со консултантот на тогашниот градоначалник кој укажал на тоа дека доколку сака да биде склучен договорот, треба да уплати износ од 500.000,00 денари на име донација.„Електрософт“ ја уплатил донацијата на сметка на Зоолошката градина Скопје, по што биле известени дека договор е потпишан. Одговорното лице на „Електрософт“ ДООЕЛ, Скопје случајот го пријави во МВР, по што З.С. (50) од Скопје, консултант за економско-финансиски работи на поранешниот скопски градоначалник и Ј.Х. (37) од Крушево, раководител на Секторот за сообраќај на град Скопје и претседател на комисијата за јавни набавки синоќа се лишени од слобода и притворени на 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење
Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.05.2025, 21-годишна девојка од Тетово пријавила дека пријавениот ја вознемирувал и прогонувал“, информира МВР.
Црна хроника
Ограбени малолетници во Градски парк, напаѓачите им се заканиле со остар предмет
Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје неговата ќерка и нејзин другар биле нападнати и ограбени.
Според информациите на МВР, две лица со закана со остар предмет украле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдена кафеава прашкаста материја во гајба за леб во Идризово
Вчера во затворот во Идризово при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

