Црна хроника
Апсења во Фондот за пензиско

Најмалку десет лица уапсила денеска полицијата во Фондот за пензиско осигурување, под сомнение дека им издале пензии на 43 лица, на кои воопшто законски не им следувале
Приведените се товарат за проневера на 215.000 евра, а се сомничат за злоупотреби во службата, злосторничко здружување и за компјутерски криминал.Портпаролот на полицијата, Иво Котевски, ги потврди апсењата, а дополнително ќе соопшти детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пријавен пожар во канцеларија на американската амбасада

Во канцеларија вo американската амбасадата во Скопје во попладневните часови на 15 февруари избувнал пожар.
Како што информираат од МВР, случајот во полиција бил пријавен околу 17:30 часот.
Полициски службеници и противпожарна екипа излегле на местото на настанот, но вработените рекле дека веќе не постои потреба од интервенција.
Црна хроника
Две штали изгореа во пожар во Виница

Две штали изгореа во пожар во Виница. Според полицијата вчера во 14,05 часот во Полициска станица Виница, Р.Ѓ. од Виница, пријавил пожар на штали на место викано „Горица“ на влезот од Виница, сопственост на Г.Е.(32) од Виница.
Биле опожарени две штали во кои изгореле слама, пченка, девет грла добиток, тракторска приколица и друго. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Виница. Извршен е увид.
Црна хроника
Автомобил удри во 10-годишно дете во Штип

Автомобил удри во 10-годишно дете во Штип. Според полицијата, несреќата се случила вчера
во 14,40 часот во Штип на улица „АСНОМ“.
Б.Н.(19) од Штип управувајќи патничко моторно возило „фолксваген шаран“ удрил во 10-годишно дете од Штип, кое управувало велосипед-трицикл. Детето е пренесено во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал