Црна хроника
Нови потреси во Валандовско

Неколку земјотреси со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала регистрирани се ноќеска и изутрината во валандовскиот регион
Како што соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија првиот земјотрес, кој воедно и најсило се почувствувал, бил регистриран синоќа во 23 часот и 26 минути.Земјотресот со интензитет од три до четири степени го почувстувале жителите на Валандово и Богданци.Преостаните три земјотреси биле со интенситет од три степени, а биле регистрирани во 6 часот и 48, во 7 часот и 25 минути и во 8 часот и 33 минути.Епицентарот на земјотресите се наоѓа на околу 130 километри југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.
Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанка најдена почината во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во дом на подрачје на Шуто Оризари била пронајдена почината К.У.(73) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено за обдукција, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
„Ауди“ со илегални мигранти се судри со автомобил кај Струмица – има повредени, возачот на „аудито“ побегнал

Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.
По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено, објави МВР.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.