Црна хроника
Пронајден машки труп кај авто-кампот Градиште

Јужно од авто-кампот „Градиште“, во понеделник навечер околу 19 часот е пронајдено безживотно машко тело. По преземени мерки од страна на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Зоран Јосевски роден 1983 г. од Куманово
Од Секторот за внатрешни работи во Охрид соопштија дека на местото каде е најдено телото на 26-годишниот кумановчанец е извршен увид од страна на истражен судија и заменик Јавен обвинител при Основниот суд во Охрид, патолог и екипа на СВР Охрид.Поради непристапност на теренот, увидот продолжи и во текот на денешниот ден. Трупот кој бил пронајден на околу двесте метри од езерскиот брег, е подигнат и префрлен во Општата болница во Охрид.Според судско-криминалистичкиот увид, на безживотното тело не се забележани траги на насилство, односно најверојатно станува збор за несреќен случај, велат од Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.
Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанка најдена почината во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во дом на подрачје на Шуто Оризари била пронајдена почината К.У.(73) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено за обдукција, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
„Ауди“ со илегални мигранти се судри со автомобил кај Струмица – има повредени, возачот на „аудито“ побегнал

Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.
По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено, објави МВР.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.