Црна хроника
Еден загинат двајца тешко повредени полицајци во сообраќајна несреќа
Околу 20 часот на влезот во скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која е загинат еден а тешко се повредени двјаца службеници на миснитерството за внатрешни работи
Првичните информации се дека сите тројца приапдници на Министерството за вантрешни работи, се тешко повредени и во животна опасност. Според болнички извори, едниот од нив е ппочинат, а неговите колеги се во критична состојба.Според очевидци возилот „форд фoкус“ кај Катланово, селото бил многу оштетен. Службениот „форд фокус“ бил управувано од 54-годишниот службеник на МВР, со иницијали М.С. а до несреќата дошло кај скопското селото Р’жаничино, кога заради се’ уште неразјаснети причини излеталот од патот и удрил во металната жичена ограда, при при што се превртел и паднал во одводен канал.Од здобиените повреди починал 51-годишниот Зоран Милошоски, додека М.С.и З.В. со тешки повреди се пренесини во скопскиот ургентен центар. Сите се службеници на Сите биле припадници на ткн. Шеста управа при МВР, односно н аОдделението за физичко обезбедувања илица и објекти.Полицајците биле на обезбедување на централната прослава на Илинден на Мечкин Камен и вечерва се враќале од Крушево.Причините за несреќата се’ уште се непознати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

