Црна хроника
Четиричлено семејство од Македонија загина во сообраќајка во Хрватска

Целото семејството Трајкови од струмичко утринава загина во сообраќајна несреќа пред Загреб
Четиричлено семејство од мајка, татко и две деца на возраст од 5 години и 16 месеци загинаа во оссбраќајната несреќа која се случи денес во 7 часот на автопатот Брегана-Липовец кон Загреб. Хрватската полиција потврди дека во несреќата настрадале Ѓорѓи (30), неговата сопруга Ристена (25) и нивните деца Вероника и Константин Трајкови од струмичкото село Зубово. Причините за несреќата допрва треба да се утврдат но семејното возило „сеат алхамбра“ свртело кон лентата за запирање и се забило во задниот лев дел од полуприколка на камион со српски регистарски ознаки кој стоел. Oд првичната истрага е утврдено дека возилото се движело со брзина од 160 км на час а смртта настапила моментално. Истрагата продолжува. „Возачот на камионот Раденко.Т. (27) од Чачак изјави дека само минута пред ударот запрел бидејќи му се причинило дека товарот во приколката се поместил. Токму во тој момент кога имал намера да излезе од камионот почуствувал силен удар од автомобилот во кој во истиот момент загинале сите патници“ изјави Степан Франиќ истражен судија во жупанскиот суд во Славонски Брод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.