Црна хроника
Две тешки кражби во гостиварско
Две тешки провални кражби биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во гостиварскиот регион, јави дописникот на Макфакс
Едната кражба се случила во шестата станбена зона во Гостивар, каде од еден стан е ограбена поголема количина златен накит, чија вкупна вредност е проценета на околу пет илајди евра.Втората кражба се случила во селото Дебреште, каде што од куќа е украден паричник со 575 евра, 220 франци, 2.800 рубљи, 200 денари и два кофери полни со облека
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.