Црна хроника
Жена загина при судар на два глисера во Охридското Езеро
Една жена загнала а друга е тешко повредена во несреќа што се случила синоќа околу 20 часот пред влезот во каналот Студенчишта во Охрид, јави дописникот на МИА
Според првичните информации, при судар на два глисери смртно настрадала 39-годишната Ирина Романова Муцунска од Скопје, додека во несреќата тешко е повредена 25-годишната Ивана Шапкар од Охрид.Со едното пловило управувала покојната Ирина, додека со другото управувал охриѓанецот Христијан Шапкар. Во тој глисер се наоѓала и неговата сопруга Ивана која се здобила со потешки повреди. Екипа на СВР Охрид со истражен судија изврши увид на лице место, со цел утврдување на околностите и причините за несреќата. Се очекува СВР Охрид денеска да објави детали за несреќата. Несреќата се случува само два дена откако беше укината едномесечната забрана за пловење на скутери на Охридското Езеро, во време од 11 до 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.