Црна хроника
И група со генералот Методи Стамболиски вплеткан во хеликоптерската несреќа кај Блаце
Армискиот МИ – 17 се вратил расипан од ремонт во Словачка
Не може да се утврди каде е застаната постапката за случајот со хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 војници на АРМ. По извештајот на комисијата на Владата, последна е информацијата дека на барањете на Јавното обвинителство за 100.000 евра за вештачење во странство за причините за несреќата, Владата одобрила само 60.000. Инаку, во текот на постапката во континуитет се појавуваа нови докази поради што и не се знае каково вештачење ќе се бара од засега непозната странска агенција. Семејствата на загинатите војници беа примени од преставници на сите парламентарни групи како и од Претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов со барање и Парламентот и Претседателот да се заложат за утврдување на причините и виновниците за несреќата. Последни официјални извори од истрагата утвдиле дека во целиот случај е вплеткана и група околу генералот Методи Стамболиски кој во 2004 година беше началник на Генералштабот на АРМ. Како што е познато Методи Стамболиски е еден од судените во аферата „ тенковски делови “ во која заедно со Владо Бучковски и двајца поранешни високи функционери од Министерството за одбрана се осудени на по 3, 5 години затвор односно 3 години затвор. По нивната жалба се очекува решението на Апелациониот суд Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор
Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

