Црна хроника
Бугарската Влада официјално соопшти дека во несреќата се удавиле 15 лица
На потонатиот брод во Охридското Езеро имало вкупно 55 лица од кои 40 преживеале, а 15 загинале, меѓу кои и едно дете, соопшти службата за информирање на бугарската Влада
Бугарската новинска агенција БТА јави дека 37 од преживеаните се сместени во хотел во градот, по две лица се’ уште се трага, а една 57-годишна жена е во болница. Според бугарскиот министер за здравство Божидар Нанев, можно е двете лица кои се’0 уште ги нема да се наоѓаат во приватнос сместување, за што како што јавивме претходно се прави проверка на сите бугарски туристи кои деновиве претстојуваат во Охрид. Нанев попладнево ја посети повредената туристка во болница во Охрид. Нејзината состојба е стабилна и сега следува проценка дали ќе може да се врати во Бугарија со владиниот авион.Авионот кој треба да ги земе телата на загинатите во Македонија ќе пристигне по неколку дена затоа што треба да се направи аутопсија на жртвите.И македоснкот Минситерсто за внатреши раоти официјало соопшти дека на потонатито брод „Илинден“ имали 53 бугарски државјани туристи кои тргнале на туристичко обиколување на Охридско Езеро и двајца македонски државјани кои управувале со пловилото. Со ова се демантира досегашнаѕта иинформација дека на бродот имало дури 73 лица. Исто така се демантираат ионформациите дека на „Илинден“ имало и други старнски туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

