Црна хроника
Агенцијата што ја организирала екскурзијата во Охрид несоодветно регистрирана?!

Нема податоци дека агенцијата „Фара тур“ која ја организирала тродневната екскурзија во Охрид, е соодветно регистрирана, изјавил бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов на денешната прес-конференција
Како што јави бУгарската државна новинската агеција БТА, минситерот цветан Цветанов истото вго рекол за агенцијата „Клјунчев“ ООД, која го организирала превозот на Бугарите до Македонија.Според Цветанов, ако не се откријат податоци за нивната стручност, тоа ќе значи дека го нарушуваат Законот за туризам. Министерот уште рекол дека продолжува да работи и кризниот штаб кој го формираше премиерот, а во обвинителството во тек е состанок за случајот. Тој додал дека во моментов се проверуваат двете фирми, јави БТА. Утрово пренесовме дека министерот за туризам Трајчов посочи дека туристите кои во Охрид допатуваа во петокто и требаше да останат до неделата, биле без задолжителен договор и осигурување. Исто така, на бугарските власти им беше сомнително зашто нивните труристи биле сместувани во Охрид по приватни домови а не во хотели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
60-годишен кумановец загина во експлозија на плинска боца

Вечерва во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.
Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.
Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек.
Црна хроника
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила поднесени се прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдени речиси 10.000 пиротехнички средства на Бит-пазар, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје.
При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.