Црна хроника
Две шестгодишни деца ранети во вооружена пресметка

Две шестгодишни деца се ранети попладнево во струшко и се вон животна опасност, соопшти за Макфакс портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски
Децата настрадале во инцидент што се случил пред 13 часот во струшкото село Велешта во вооружена пресметка меѓу две тамошни семејства.Полицијата привела една лице во врска со инцидентот и работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ја снимал 15-годишната девојка додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со објава на социјални мрежи

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос.
Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жител на Кичевско село фатен како вози со 1,80 промил алкохол

На 13.03.2025 во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Пресуден доживотен затвор за Елвин Куртовиќ по признанието вина за убиството зад „Мавровка“

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ по признанието вина за убиството зад трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.
Судијката Моника Бахчовановска пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција.
„Вештачењето покажува дека од увидот во казнената евиденција од 16 години е осудуван за кражби, насилство, сообраќајни нестреќи, фалсификување, а имал и пресуди во странство. Од почетокот на адолесценцијата имал проблеми и асоцијалност, изразено непочитување на социјалните норми и невозможно одржување трајни релации, ниска толеранција и склоност кон насилство. Кога го сторил кривичното дело бил во секој момент пресметлив и со уредно психичко здравје“, изјави судијката Бахчовановска.
Лицето се товари за убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Според ОЈО Скопје, обвинетиот, на 20 август 2024, зад трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов по што со пиштолот ѝ се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата што таа ја носела на рамото, како и една гајба во разни бои, покриена со шаторско крило, во која имало секаков рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото.
Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот.