Црна хроника
Стрелано врз патрола на граничната полиција
Засега непознати напаѓачи во четврток навечер околу 22.30 часот пукале од автоматско оружје врз патрола на граничната полиција во близина на кумановското село Белановце во Општина Липково,на околу километар од македонско-косовската граница
Во инцидентот нема повредени, а причинета е помала материјална штета на возилото на граничната патрола. Напаѓачите по инцидентот избегале во непознат правец, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кумановската полиција од утрово врши увид на местото на кој се случил инцидентот, а со увидот раководи истражен судија од Основниот суд Куманово и заменик јавен обвинител од Основоното јавно обвинителство.МВР информира дека се преземаат мерки за идентификување на сторителите и документирање на нападот.Исто така, во информацијата на полцијата се нагласува дека патролата на граничната полиција била од мешан етнички состав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

