Црна хроника
Обид за убиство во Велес
Велешката полиција денеска добила пријава за обид за убиство. СВР Велес соопшти лицето М.И пријавило обид за убиство од страна на 35 годишниот Б.П врз Д.Ј.
Имено Б.П со пиштол од непозната марка од засега неутврдена причини испукал 4-5 куршуми од кои едниот завршил во палецот на левото стапало на Д.Ј.Од велешката полиција информираат дека напаѓачот Б.П се наоѓа во бегство и дека чаурите од престрелката се пронајдени и дека се превземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање и фаќање на сторителот на кривичното дело.По настанот оштетениот Д.Ј настанот го пријавил во СВР Велес, а потоа истиот бил упатен во Медицинскиот центар во Велес при што по укажаната лекарска помош и интервенција бил пуштен на домашно лекување.Инаку напаѓачот Б.П и бил познат на полицијата како повторник на кривични дела за што му биле изрекувани соодветни казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

