Црна хроника
Запленети 27 килограми хероин
Одделението за оперативни работи на Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи во вторникот откри и заплени 27 килограми хероин
Во претпладневните часови во вторникот, во Јавното царинско складиште „Дени Интернационал“ во Скопје, царински работници од Одделението за оперативни работи и припадници на МВР извршиле преглед на камион со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, жител на Скопје, кој бил пријавен за спроведување на увозна царинска постапка. Камионот бил натоварен со разна стока од Турција, а како увозник се јавува фирма од Скопје. При извршениот преглед во кој било користено и специјално обучено царинско куче, во девет ролни платно за завеси, биле пронајдени девет проѕирни полиетиленски кеси, обележани со натпис и наполнети со непозната прашкаста материја со кафена боја и специфичен мирис. Вкупната тежина на прашкастата материја, за која со тестирање со тестер за дрога било утврдено дека се работи за хероин, изнесувала 27,050 килограми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

