Црна хроника
21-годишник обвинет за пет кражби, меѓу украдените предмети 29 таблет-уреди и 15 литри зејтин
Против 21-годишен скопјанец е поднесено обвинение за сторени четири кривични дела тешка кражба, како и едно кривично дело кражба.
Како што информираат од Обвинителството, разбојникот на 17 октомври насилно провалил во просториите на невладина организација на улицата Вашингтонска, од каде што одзел 28 таблети, еден лаптоп, еден панел за греење, две греалки, електричен бокал и три пакети со прехранбени производи, во вкупна вредност од 232.200 денари.
Во временскиот период меѓу 20 и 22 октомври насилно, отворајќи го прозорецот од бањата, провалил во куќа на еден оштетен на улицата Црноок и одзел четири теписи, 15 литри зејтин и еден фен за коса, во вкупна вредност од 27.400 денари.
На 28 октомври на сличен начин обвинетиот влегол во куќа на улицата Вашингтонска, од каде што одзел телевизор вреден 15.000 денари.
На 30 октомври од друга куќа на истата улица одзел таблет – смарт пад, вреден 6.000 денари, и избегал.
Обвинетиот на 3 ноември го искористил невниманието на еден оштетен, кој бил во фризерски салон на улицата Индира Ганди, па од дворот на фризерницата му го украл електричниот тротинет вреден 30.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

