Црна хроника
Полицијата заплени поголемо количество марихуана
Полицијата во два одвоени случаи приведе две лица за недозволена трговија со наркотици и пронајде поголемо количество марихуана и кокаин
Како што е соопштено денеска, полицијата кај М.Џ (40) од Скопје пронашла вкупно 92 килограми марихуана и 69 стебла марихуана високи до 2,5 метри, кои ги одгледувал во дворот на својата куќа и под пластеник.М.Џ е приведен, а вредноста на марихуаната пронајдена кај него, која била наменета за домашниот нарко пазар се проценува на над 150 илјади евра.Во вториот случај, полицијата кај лицето А.Ш (35) од Скопје пронашла 1,23 килограми марихуана, 57,1 грама кокаин, како и 339 семки од канабис сатива.А.Ш., кој спред полициските информации подолго време се занимавал со недозволена препродажба на дрога по скопските дискотеки и ноќни клубови, рекол дека годинава од непознато лице купил поголемо количество марихуана и кокаин. Тој кокаинот го препакувал во помали количини за да го продава на наркозависници. Цената на една паковка од околу половина грам кокаин на нарко пазарот чини околу 50 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

