Црна хроника
Тешко повредена жена пронајдена во „Мавровка“
Полицијата утрово пронашла жена со тешки повреди во пределот на главата во трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје
Полициски извори за Макфакс изјавија дека жената на возраст од 42 години, чиј идентитет за сега не е познат, е жива.Според истите извори повредите не биле нанесени од огнено оружје. Таа била пронајдена на вториот кат од „Мавровка“ и веднаш била пренесена во Ургентниот центар – Скопје.Директорот на Ургентниот центар, Реџеп Селмани, изјави дека жената била донесена во бессознание, со скршеница на черепот во многу тешка состојба, поради што е во животна опасност. Таа е пренесена на неврохирургија на натамошно лекување.Според очевидци од околните дуќани, жената била пронајдена во еден од тоалетите.Полицијата презема мерки за утврдување на причините поради кои настанала повредата и за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

