Црна хроника
Тетовец сакал да прошверцува 10 илјади саксии
Минатата седмица македонските цариници во неколку наврати спречиле обид за недозволена трговија со разни предмети, меѓу кои и ракија, облека, масло за глисери …
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи, при спроведување на царински контроли на граничниот премин Табановце– втопат на во петокот спречиле неколку обиди за нелегално внесување и изнесување на стока во и од територијата на Република Македонија биле запленети 10.500 парчиња саксии за цвеќе и 4.300 парчиња садници, пронајдени при скенирање на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки натоварено со саксии за цвеќе и садници, наменети за фирма-увозник од Тетово. Потоа 38 шишиња вино (Каберне Совињон, Император, Шардоне, Шираз), три шишиња ракија од 0.5 литри, при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Белград-Скопје-Струга, управуван од лице со иницијали Х.Н од Струга. Непријавената стока била пронајдена на различни места во автобусот: во багажниот дел, кај моторот и кај седиштата на патниците и уште 12 литри ракија, шест мобилни телефони (Samsung и Nokia) и шест парчиња резервни делови за автобус (држачи и пумпи за квачило), пронајдени при скенирање на товарно моторно возило-ладилник со македонски регистарски ознаки. Возилото било натоварено со 20.500 кг. свежи костени од фирма-извозник од Неготино, наменети за фирма-увозник од Србија, а непријавената стока била пронајдена во кабината на возилото и во товарниот дел.Претходно бил спречен обид за нелегално внесување 288 литри QUICKSILVER моторно масло за чамци. Стоката била пронајдена во товарно моторно возило со македонски регистарски пријавено за транзитна постапка кое превезувало збирна стока за пет македонски фирми. При првичната контрола било утврдено дека во возилото се наоѓа моторно масло, чијшто увоз, како и увоз на секаков вид акцизна стока, не е дозволен преку граничниот премин Меџитлија. Поради тоа, возилото било однесено на царинскиот теминал Битола за детален преглед. Во документацијата на една од петте фирми приемачи била откриена неправилност, т.е моторното масло не било пријавено и наведено во ниту еден документ. Стоката, чијашто вредност изнесува 70 илајди денари е првремено задржана и изготвен е записник за царински прекршок. Вредноста на избегнатите давачки е 25.339,00 денари. Минатата седмица, на граничниот премин Дојран на влез во Република Македонија царинските службеници откриле непријавени 280 шишенца од 15 ml капки за очи “CATALIN” од јапонско производство. Стоката била пронајдена во делот за прикачување на приколката на товарно моторно возило – кипер, со македонски регистарски ознаки. Возилото превезувало никелова руда, а било управувано од македонски државјанин. Заради основано сомневање дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки, на граничниот премин Богородица – влез во Република Македонија, привремено се задржани 55 блузи со лого на заштитените трговски марки „Armani“, „Dolce&Gabbana“ и „Puma“. Истите биле пронајдени во камион со турски регистарски ознаки управуван од турски државјанин кој превезувало текстилни производи со турско потекло за увозник од Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

