Црна хроника
211 санкции за брзо возење
 
																								
												
												
											Во текот на вчерашниот ден (18.8.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи.
Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Трактор и автомобил се судрија во Дебрца, тешко повредена 86-годишна жена
 
														Вчера на локалниот пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа меѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б. (58), и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (72), двајцата од истото село.
Во несреќата тешко е повредена 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, а полесни повреди добила 62-годишната Д.Д., сопатничка во автомобилот. Двете повредени биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.
При увидот, полициската екипа од СВР Охрид утврдила дека возачот на тракторот М.Б. управувал под дејство на алкохол, со 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж пукал кон стан во Струга, кога полицијата му влегла дома нашла куршуми и дрога
 
														Полицијата го приведе Г.М. (48) од селото Подмоље, осомничен дека ноќта меѓу 29 и 30 октомври пукал со пиштол кон стан во зграда во Струга. Во инцидентот е предизвикана материјална штета, но нема повредени лица.
Како што информира полицијата, при претрес во домот на осомничениот извршен по судска наредба биле пронајдени и одземени 25 куршуми и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицето.
Црна хроника
Уапсен дилер во Ѓорче Петров, пронајдена дрога
 
														Вчера околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот Б.Б. од Скопје.
Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											