Црна хроника
Во Дебар запленети 10 илјади пиратски производи и 30 компјутери
Во акцијата за борба против пиратеријата спроведена во саботата во Дебар, од 13 правни субјекти и физички лица биле запленети 30 компјутери поради нелиценциран софтвер, како и 10 илјади пиратски цедеа, касети и друг пиратски материјал, јави дописникот на Макфакс
Овие податоци на средба со новинарите во Дебар го потврди во неделата Мите Костов, претседател на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Република Македонија, кој дополни дека во големата акција биле вклучени инспектори од Управата за јавни приходи, Пазарниот инспекторат и Министерството за внатрешни работи. „Акцијата во Дебар е една од поуспешните, согласно со препораките на Европската комисија во Република Македонија. Има напредок во овој дел, за што има и позитивна оценка за работата на Координативното тело. Но, пиратеријата е присутна се’ уште на пазарот насекаде низ државата, од Гевгелија до Дебар, со процентна стапка од околу 63 отсто“, рече Костов. Како што додаде Николче Петковски, виш советник за економски криминал во МВР и член на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост, против лицата кај кои се евидентирани неправилности во работењето ќе бидат поднесени кривични пријави. Запленетите пиратски производи, по завршувањето на судската постапка ќе бидат уништени на 11 декември, на Денот за борба против приратеријата, во депонијата Дризла во Скопје, каде што според податоците што беа презентирани годишно се уништуваат по околу 350 илјади парчиња пиратски производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

