Црна хроника
Подметната експлозив под автомобил во Струга

Експлозија утрото ги разбудила жителите од центарот на Струга кога бил дигнат во воздух автомобилот
Автомобилот бил сосптвеност на Сашо Радојчиќ, и за среќа повредени нема, туку само повеќе помалку оштетени автомобили кои биле паркирани во близината. Полицијата ги истражува причините и го бара подметнувачот, а сопственикот на автомобилот смета нападот има политичка заднина, затоа што тој наводно бил во партијата Обедиентии за Македонија, што е негирано од МВР. Ескплозијата се случила во недела во 5 часот наутро во Струга на паркингот на улицата Наум Наумовски Борче, кога до предниот дел на автомобилот експлодирала засега непозната експлозивна направа, при што е причинето оштетување на споменатото возило , како и на уште други две паркирани возила, соопшти струшката полиција.На местото на настанот извршен е увид од екипа од ПС Струга и од Секторот за антитероризам, при што за вештачење се земени примероци од експлозивната направа. Од страна на СВР Охрид во тек се мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.