Црна хроника
Полицаец доби отказ зашто одгледувал марихуана
Полициски службеник од Битола е отпуштен од работа затоа што одгледувал дрога – марихуана, со што извршил кривично дело
Ова в недела го соопшти Министерството за внатрешни работи, наведувајќи дека. во изминатите две недели донесени се 32 решенија против 32 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето.На вработениот С.Л., полициски службеник во полициска станица при СВР Битола изречен му е отказ на договорот затоа што извршил дејствие што претставува кривично дело, односно одгледувал марихуана.МВР соопшти дека на 29 вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувањаОд страна на Министерството се донесени решенија против вработениот Г.Ѓ., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ со кое постапката покрената против истиот се запира, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор и за вработениот Д.Е., командир на полициска станица при СВР Струмица, со кое се распоредува два степена пониско од работното место на кое во моментот е распореден, бидејќи му упатил дрски и навредливи зборови на началникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
„На 6.9.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување“, извести МВР.