Црна хроника
Приведени осум лица осомничени за присвојување државен имот
Осум лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Струмица, се уапсени под сомнение за злоупотреба на службена положба и перење пари, соопшти во петок Министерството за внатрешни работи
Осум лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Струмица, се уапсени под сомнение за злоупотреба на службена положба и перење пари, соопшти во петок Министерството за внатрешни работи. Меѓу уапсените се К.Ј. поранешен градоначалник на Струмица и претседател на УО АД „Струмичанка“, А.Џ. поранешен директор на „Струмичанка“, Х.А. од Скопје, поранешен директор на АД „Хелматекс“, Р.Б. и М.Д. од Струмица, двајцата вработени во подрачна единица на Министерството за транспорт и врски, Р.Д. судија од Струмица, Т.Т. судија од Гевгелија, како и В.Н, поранешен извршен директор на „Струмичанка конфекција“.Осомничените во периодот од 1999 до 2008. година преку незаконски дејства се стекнале со земјиште со вкупна површина од 71.521 квадратни метри, сопственост на Република Македонија, без да платат денар, со што ја оштетиле државата за 50.064.700,00 денари.Сите приведени во четврток вечер дадоа исказ пред истражен судија во скопскиот Кривичен суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.