Црна хроника
Ограбени 15 илјади евра од менувачница во Карпош
Во нападот, како што неофицијално дознаваме, во кој учествувале најмалку две вооружени лица, е повреден вработен во менувачницата и украдени се околу 15 илјади евра
Утринава по 9 часот на стотина метри од Полициската станица Карпош е извршен грабеж, јави репортерот на Макфакс. Во моментов местото го обезбедуваат припадници на полициската единица „Алфа“ кои пристигнале веднаш по пријавувањето. До пристигнување на увидна екипа на МВР нема официјални информации.Во Министерството за внатрешни работи ја потврдија пријавата за грабежот, но засега не располагаат со детали.Според очевидците, кои живеат во непосредно соседство со ограбената менувачница во која има и фотокопир, во нападот учествувале две лица. Вработениот во менувачницата, според очевидците, бил повреден во коленото, што не го потврдуваат полицајците кои го обезбедуваат местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

