Контакт

Црна хроника

Кривична пријава против полицаец за нанесување „тешка телесна повреда“

Објавено пред

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против С.А.(44), полицаец во Полициската станица Штип за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на улицата „Маршал Тито“ во Штип, без причина, со тупаници во пределот на главата, на Д.П. од Штип  му нанел тешка телесна повреда со кршење на  двата предни заба. Оштетениот од ноќниот бар „Кабаре“, излегол заедно со две пријателки, кои сакале да заминат сами дома со такси возило, на што оштетениот се спротивставувал, барајќи и тој да се качи со нив во возилото, по што настанала меѓусебна  расправија. Во еден момент, зад Д.П. дошол пријавениот С.А., полициски службеник, кој во тоа време бил на работа и се вмешал во разговорот со барање Д.П. да се повлече настрана. Д.П., кој бил под дејство на алкохол – 1,92 промили и имал оштетен вид на десното око, не забележал дека С.А. е полициски службеник и продолжил со претходните дејствија, по што настанала вербална расправија помеѓу нив двајцата.Бидејќи не било постапено по укажувањето на полицискиот службеник, тој со тупаница силно го удрил Д.П. во пределот на главата и од ударот му се скршиле два предни заба. Откако, оштетениот видел дека лицето што го удрило е  полициски службеник, побарал да му објасни зошто го удрил и да се легитимира, а пријавениот лажно се претставил, со име кое оштетениот го запишал на ливче хартија.Иако, С.А. видел дека настанале телесни повреди кај Д.П., како службено лице не му пружил помош и без да преземе било какви други службени дејствија, го напуштил местото.По ова, Д.П. веднаш се упатил во полициска станица-Штип, каде му било земено записник за усно поднесена претставка, по што бил упатен во Медицинскиот центар-Штип заради пружање помош и обезбедување соодветна медицинска документација.По добивањето на записникот, Секторот за внатрешна контрола, презеде мерки за утврдување на фактичката состојба при што во евиденцијата при Полициската станица од СВР-Штип е утврдено дека во книгата за дневни настани, како и во билтенот за дневни настани за истиот ден заведен е настан „омаловажување на униформиран полициски службеник“ и е поднесено Барање за поведување прекршочна постапка против Д.П. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, согласно Законот за полиција  и Уредбата за изменување на Уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје изготви извештај со оценка дека  средствата за присилба во случајот се неосновано и неоправдано употребени.„Врз основа на ваквата оценка, материјалните докази и  извршените разговори со сите инволвирани лица во настанот  очигледно е дека постојат елементи што го чинат битието на кривичното дело „тешка телесна повреда”, поради што е поднесена и кривичната пријава. Покрај кривичната пријава, од страна на СВКПС до непосредниот старешина каде С.А. е вработен е изречена задолжителна мерка да покрене постапка за утврдување на одговорност“, се вели во соопштението од МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка

Објавено пред

Од

По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.

dobivaj vesti na viber

Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото/илустрација

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбена жена на улица во Чаир

Објавено пред

Од

Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија9 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија11 часа

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија11 часа

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија12 часа

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...

Македонија12 часа

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија14 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија15 часа

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет17 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа17 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет17 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет18 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет18 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет18 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет19 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија1 ден

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија2 дена

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија2 дена

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...