Црна хроника
Спречен шверц на албански мигранти кон Грција

Тројца македонски државјани ќе одговараат на суд за шверц на албански мигранти, кои требало илегално да ги префрлат во Грција за надомест од 1,000 до 1,500 евра
Кривични пријави за криумчарење мигранти, како што соопшти денеска македонското МВР, се поднесени против лицата идентификувани со иницијали З.Л (40) и Е.Ќ (30), и двајцата од селото Стрелци, општина Осломеј, и И.М (28) од Битола.Тројцата криумчари биле уапсени во петокот кај селото Смоквица, откако претходно прифатиле четворица албански мигранти, кои со автомобили требало да ги префрлат до македонско – грчката граница, кај Гевгелија.На Е.Ќ и И./М им е изречен притвор од 30 дена, додека З.Л ќе се брани од слобода..Албанските мигранти се сместени во Прифатниот центар во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.