Црна хроника
Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајка
Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип – Радовиш, кај местото Калмерово
Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила вчера околу 18:30 меѓу автомобил „опел омега“ и „застава 1300“. Возачот на опелот движејќи се од Кривидол кон Радовиш застанал на патот за да причека двајца овчари од блиските трла. Неговиот сопатник, осумнаесетгодишниот Јашар Сулијманов од радовишкото село Али Коч излегол од автомобилот за да ги викне овчарите. Само што излегол, заставата која се движела кон Велес, со цел да го избегне опелот, удрила во Јашар. Заставата се превртила, а момчето починало на самото место. Возачот и сопатникот на заставата се здобиле со телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.