Црна хроника
Во Тетово извршени две кражби на околу илјада евра
Тетовската полиција викендов регистрирала две кражби кои се случиле изминатата седмица. Крадци провалиле во куќа и фризерски салон при што вкупната штета првично се проценува на илјада евра
Ноќта меѓу 26-ти и 27-ми демември, засега непознати сторители со камен го скршиле изложното стакло на фризерскиот салон „Мими“ на улица „Беличица“ во Тетово, влегле внатре и одзеле два фена, електрична преса и разни козметички производи. Вкупната штета се проценува на околу 400 евра.Во периодот меѓу 20-ти и 27-ми декември, засега непознати сторители преку отворен проозорец во подрумот влегле во куќа во тетовското село Пршовце, кој се наоѓа на времена работа во странство, при што одзеле ДВД, рисивер, хилт и три кујнски ножеви.Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

