Црна хроника
Полицијата го уапси крадецот кој избега од Идризово
Полицијата синоќа во обид за тешка кражба во скопското селото Огњанци го уапсила Б.З. осуденик кој пред два дена избега од затворот Идризово во Скопје и по кого МВР имаше распишано потерница.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за наркозависник кој во периодот од ноември 2009 г. до сега, успеал да направи шест кривични дела и тоа две тешки кражби во обид во моторни возила, една тешка кражба во моторно возило, една тешка кражба во ординација, една разбојничка кражба и едно одземање на моторно возило во обид. Бил осуден на шест години затворска казна која ја опслужувал во отвореното одделение на затворот Идризово од каде во четвртокот успеал да избега.
Во времето додека бил на слобода, во период од ден и пол Б.З. со цел да се стекне со имотна корист се обидел и извршил неколку кражби. Најпрво, веднаш по бегството се обидел да украде возило во Јурумлери, потоа се обидел да провали во куќа и во автомобил во селото Мралино, а вечерта меѓу четвртокот и петокот се обидел да украде велосипед при што нанел лесни телесни повреди на сопственикот на велосипедот. На крај, се упатил во селото Огњанци каде што во обид да укради автомобил бил уапсен.И претходно, крадецот оперирал на подрачјето на скопските села Идризово, Колонија, Трубарево, Петровец и Мралино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

