Црна хроника
Гостиварец убиен пред куќниот праг
Педесет и едногодишниот гостиварец Асип Б. во понеделник навечер бил застрелан пред својот дом на улицата 18 ти Ноември, информираат од МВР
Убиството го пријавил внукот на настраданиот гостиварец откако роднини го пронашле неговото тело како неподвижно лежи на прагот од куќата.Асип итно бил пренесен во гостиварскиот медицински центар каде што докторите констатирале смрт.На местото на немилиот настан увид извршила екипа од ПС Гостивар, истражен судија и заменик јавен обвинител кои пронашле траги од крв и чаурата од куршумот со која бил застрелан Асип.Од МВР информираат дека неколку сомнителни лица биле повикани да дадат изјава, и дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

