Црна хроника
Запалени киосци и ограбена обложувалница во строгиот центар на Скопје
Во недела навечер, околу 22.30 часот се запалени двата киоска на автобуската постојка спроти Градската болница, а две вооружени лица речиси истовремено ја ограбија обложувалницата „Корнер“ во центарот на Скопје
Во пожарот од запалените два кисока, вкупно целосно се изгорени сите шест обејкти на автобуската постојка „Зелен пазар“, спроти Општата градска болница во центарот на Скопје.Двајцата напаѓачи под закана со оружје влегле и ја ограбиле обложувалницата, која се наоѓа на улицата Луј Пастер, во непосредна близина на зградата на „Лотарија на Македонија“ и улицата Македонија во најстрогиот центар на главниот град. Тие од вработените одземале пари во вредност од 350 евра.Во скопската населба 11 Октомври граѓаните околу 23 часот пријавиле рафални истрели од пиштол кои се слушнале двапати.Се очекува утрово МВР да излезе со подетални информации за инцидентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.