Црна хроника
29 години затвор за грабежот на Прокредит
По осум години затвор за Флорим Малоку, Авдиљ Тахири и Идриз Рустеми и пет години за Бислим Тахири за грабежот на Прокредит банка, пресуди во четврток донесе Основниот суд 1 во Скопје
Пресудата ја слушнаа само двајца обвинети, Малоку и Тахири, додека другите двајца се во бегство. За време на судскиот процес Малоку и Тахири, тврдеа дека полицијата направила грешка и дека не се виновни.Според обвинението, во групата која го изведе спектакуларниот грабеж пред десет месеци, имало и други разбојници кои засега се непознати. Грабежот на Прокредит банка се случи во центарот на Скопје, среде бел ден кога беа украдени 50 илјади евра. Во престрелката со сообраќајната полиција беа повредени тројца, додека траеше грабежот во банката, криминалците полесно повредиле двајца клиенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

