Контакт

Црна хроника

Парите на „Еколог“ се переле во Македонија?!

Објавено пред

Македонската јавност, се чини, не се возбуди премногу по вчерашното откривање на можната заплетканост во криминални дејствија на тетовската фирма која учествува во логистиката на ИСАФ мисјата на НАТО во Авганистан

dobivaj vesti na viber

Имено „Еколог“, односно нејзиното претставништво во Диселдорф е под сомнение дека учествувала во злосторства и криумчарење дроги. „Еколог“ првпат е осомничена пред осум години и се споменува во таен извештај на германската разузнавачка служба којашто дејствувала во склоп на КФОР каде се изнесува оценката дека станува збор за клан кој има тежиште врз организираниот криминал.Во сегашното доверливо известување, се зборува дека семејстовото Дестани од Тетово ги контролира злосторствата и криумчарските активности во пограничниот регион меѓу Косово и Македонија.Сопоред сознанијата на Форум, пак, неколку лица од  филијала на фирмата „Еколог” во Скопје и во Тетово во периодот меѓу 2005 и 2006 г. од банкарски автомати во Република Македонија секојдневно во продолжение подигнувале големи суми од кредитни картички, така што вкупниот износ за една година достигнала меѓу два и три милиони евра. Тоа станало сомнително за финасиската полиција, која почнала да ги следи овие трансакции. На инспекторите во Скопје им било индикативно зошто толку средства се влечеле од кредитни картички, а не од банкарските дознаки и депозити. Во текот на истрагата осомничените од тетовската филијала на „Еколог” тврделе дека се тоа пари за платите на вработените во Авганистан и Средeн Исток, каде што компaнијата ангажирала работници од Македонија.Според нашите сознанијам во случајот за кој македонските истражни органи се сомневаат дека станува збор за перење пари, се поврзани повеќе имиња и фирми. Станува збор за релативно познати фирми регистрирани во Македонија, но и личности многу популарни во јавноста. Нашите извори сметаат дека се работи за поголема мрежа од фирми, некои од нив и фиктивни, кои послужиле низ нивните сметки да минат пари кои најверојатно потекнуваат од нелегални бизниси. Според документацијата во којашто имавме увид, како сопственик на „Еколог“ ДОО Тетово заедно со Ајше Зенуни пред четири години се јавува извесен Ласте Николовски од Скопје, кој, пак, се јавува и како сопственик на „Еколог“ ДОО Скопје заедно со Олгица Ристовска и Коце Атанасов.Од регистарската влошка на оваа фирма може да се види дека е регистрирана на 14.01.2002 г. кога како основачи се јавуваат германскиот државјанин Андреас Козлик и Л.Николовски и Фадил Зенуни. Според сомненијата на македонските истражни органи станува збор за истата фирма која работи на логистиката на меѓународните сили во Авганистан и носи работници од Македонија, најчесто од тетовско, кумановски и скопско, во Ирак и Авганистан каде се ангажирани на градежни работи. На 11 мај 2006 г. била извршена промена во сопственичката структура на „Еколог“ со која нови сопственици на фирмата стануваат Фадил и Ајше Зенуни, а набрзо се прави уште една измена на сопствениците па ново-стари газди стануваат Ласто Николовски и Ајше Зенуни. Во 2006 г., за само половина година, инспекторите забележале дека од сметката на оваа фирма во една домашна банка биле подигнати околу 200 илјади американски долари. Била следена и сметката на фирмата во ТТК Банка АД Скопје, на која, пак, не биле забележани позначителни промени. За истражните органи во Македонија многу индикативно е што споменатиот Ласто Николовски, кој се јавува и како сопственик или сосопственик на уште неколку фирми регистрирани во Скопје, како и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои е и неговата сопруга Маја Николовска, добивале огромни суми од странски банки. Така, забележано е дека по налог на извесен Ацо Бибановски на 22 јуни 2006 г.  од Бурган Банк Кувајт, се трансферирани 299. 965 американски долари на девизната сметка на Маја Николовска во домашна банка во Скопје, по основ „дознаки од странство“, а на 31 јули истата година,  на истата сметка, по ист основ и од истата банка, Ацо Бибановски трансферирал уште 269. 965 долари.  Николовска на нејзината девизна смета со евра, претходно во март 2006-та, добила прилив од 10 илајди евра по налог на сопругот Ласте Николовски од АБН Амро Банк Амстердам.Ласто Николовски на 6 декември 2006 г. од странска девизна мастер картичка издадена од Бурган Банк Кувајт, во Комерцијална банка Скопје, подигнал три милиони денари, од кои 1.700.000 денари ги уплатил на својата денарска сметка во банката.Во оваа обемна документација која е водена за повеќе лица и повеќе фирми, се следени повеќе од стотина сметки, под сомнение дека станува збор за голем синџир за перење пари. А во него една од централните фигури е и лицето кое до пред три години се јавува како сосопственик на тетовската фирма „Еколог“.Во вчерашните информации на западните медиуми, се споменува дека станува збор за фирмата Еколог од Диселдорф која има свое претставништво и во Тетово и е во сопственост на македонско-албанска компанија а работи логистички за мисијата ИСАФ во Авганистан, која наводно е вмешана во кривичлни дела. Како основа за ова истрага на НАТО, меѓу другото послужиле и сознанијата на КФОР за влијателната македонско-албанска фамилија Дестани од околината на Тетово, во чија сопственост е фирмата „Еколог“.Според сознанијата на Форум резултатите од истрагата се доставени до обвинителството, но досега не е поведена постапка за можните илегални трансакции со големи суми пари. Така што останале сомнежите за можно перење пари кои сега се актуелизираат.По написите на Дојче веле, помошникот министер за односи за јавноста на МВР, Иво Котевски за агенцијата изјави: „Доколку постојат какви и да се сомневања за работењето на фирмата „Еколог“, МВР целосно и итно ќе ги провери, особено ако има индиции за вмешаност на македонски државјани во криумчарење дрога и оружје, користејќи ја мисијата ИСАФ во Авганистан, за потоа да се легализираат преку Македонија.“Форум во секој случај ќе продолжи со истражување на темата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Објавено пред

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.

Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Објавено пред

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Објавено пред

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.

Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија13 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија14 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија17 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија17 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава18 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет21 час

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет21 час

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ2 дена

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија2 дена

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија2 дена

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ2 дена

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...