Контакт

Црна хроника

Контрола на угостителски објекти во Скопје

Објавено пред

Синоќа екипи на комесаријатот на Јавен ред и мир, скопската полиција и инсепктори од Упрвата за јавни приходи и пазарната иснпекцијаод полноќ до раните утрински часови спровеле контроли во десет угостителски објекти на територијата на главниот град

dobivaj vesti na viber

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, акцијата била по претходно направен план со цел да се пронајдат лица за кои е распишана потерница, откривање на точење алкохол на малолетни лица, откривање странски државјани без пријавен престој, препродажба на дрога и оружје итн.Покрај прегледот на десетината објекти, инспекциските служби и полицијата легитимирале 127 лица, од кои четири биел малолетни. Републичките пазарни инспектори констатирче неправилности  во работата на три угостителски објекта, од кое за еден веднаш била изречена парична казна. Инспекторите од УЈП, пак, во два објекта изрекле казни од по иалјду евра за неизудавање фискална сметка, а за одговорните лица по 500 евра.Во угостителскиот објект „Версачи“, лоциран  на ул.„Казанџиска“ – Бит Пазар, сопственост на М.Б., беа легитимирани и извршен преглед и проверка за потрага по лица (истите не минуваат во казнена евиденција) на 11 присутни гости. При проверката не се затекнати малолетни лица. Од претресот не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, ниту психотропни супстанции. Од страна на самостојниот даночен контролор од УЈП на сопственикот М.Б., му е изречена глоба од 500 евра и 1000 евра на фирма „Бали 2000“ за неиздавање фискална сметка. Државниот пазарен инспектор констатираше недоследности во поглед на неистакнување фирма, работно време и телефонски број од државен пазарен инспекторат Скопје, за што следи изрекување на глоба.Во координација со УЈП и Републичка пазарна инспекција, во угостителскиот објект „Пантра“ лоциран во ТЦ„Бисер“ нас.„Аеродром“ легитимирани се 31 лице, од кои кај 13 е извршен и личен претрес, при што не се пронајдени предмети од интерес на службата. Во објектот беше затекната малолетничка (но при тоа не беше утврдено  точење на алкохол на малолетник) која беше предупредена да го напушти локалот. Сопственикот на локалот Х.Д., беше усмено предупреден дека по 00.00 часот, во локалот не смее да се задржува малолетно лице. Од страна на  даночен контролор од УЈП, за неиздавање фискална сметка, за вкупен износ од 13.150,00 денари, на правниот субјект му е изречена глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правниот субјект му е изречена глоба во износ од 500 евра.Извршена е контрола и во угостителските објекти: ресторан „Кашет“ лоциран во ТЦ„Бисер“, кабаре клуб „Волчица“ лоциран во ТЦ„Скопјанка“ на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ресторан „Мементо“ лоциран под објектот на новата железничка станица, при што во ресторан „Кашет“ легитимирани се 9 лица, во кабаре клуб „Волчица“ легитимирани се 8 лица, а во ресторан „Мементо“ легитимирани се 13 лица. Од извршената контрола во угостителските објекти не се најдени забелешки во однос на почитувањето на прописите. Од извршената контрола во угостителските објекти: ноќен клуб „Рицер“ лоциран во ТЦ„Лисиче“, ноќен клуб „Динамик“ лоциран под објектот на новата железничка станица, кафеаната „Перална“ лоцирана во нас.„Шуто Оризари“ во содејство со даночни контролори од УЈП и инспектори од Републичка пазарна инспекција, констатирано е дека од вкупно 19-те  легитимирани  лица во ноќниот клуб „Рицер“ едно е малолетник, а од даночниот контролор од УЈП, констатирано е неиздавање фискална сметка. Во ноќниот клуб „Динамик“, легитимирани се 27 лица, при што е утврдено присуство на две малолетни лица и притоа не се пронајдени лица по кои се трага по потерница или лица кои се интересни за службата. Од страна на инспектор од Републичка пазарна инспекција, констатирани се недостатоци, а од даночниот контролор од УЈП, констатирано е неиздавање фискална сметка, поради што од страна на даночниот контролор превземени се законски санкции. Кафеаната „Перална“ е затекната вон функција, односно истата не работи.Од извршената контрола во угостителските објекти: кафе бар„Графити“, лоциран во старата чаршија и гостилницата „Хилда“, лоцирана на булевар „Октомвриска револуција“ во содејство со даночни контролори од УЈП и инспектори од Републичка пазарна инспекција, констатирано е дека од затекнатите и легитимирани 14 гости во угостителскиот објект „Графити“ , затекнато е едно малолетно лице кое од страна на инспектор по малолетничка деликвенција е предадено на возрасен член од неговото семејство. Од страна на даночни контролори од УЈП и инспектори од Републичка пазарна инспекција, констатирани се неправилности во работењето на угостителскиот објект „Графити“ за што е сочинет записник. Во гостилницата „Хилда“, легитимирани се 5 лица. Од страна на полицијата и УЈП не се утврдени основи за постапување, а од пазарната инспекција е констатиран еден прекршок, за што е сочинет записник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко

Објавено пред

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.

dobivaj vesti na viber

Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“

Објавено пред

Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти

Објавено пред

Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.

Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија6 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија13 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија13 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија13 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија14 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија14 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија14 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија16 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија16 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет18 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет18 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет18 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет19 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет20 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет20 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет20 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...