Црна хроника
„Комити“ демантираат дека имаат врска со инцидентот
„Комити“ ги демантира тврдењата дека навивачката група има врска со тепачката на скопското лизаглиште. Побараа со нивното име да не се манипулира во вчерашниот инцидент на плоштадот Македонија во кој беше повредено 11-годишно дете.
„Комити Скопје не се одговорни за постапките на одредени поединци кои присуствуваат на натпреварите на Вардар, по завршувањето на натпреварот. Во ниеден случај ние организирано не ги напуштаме натпреварите кои се играат на домашен терен“, тврдат „Комитите“Велат дека навивачите од нивната група што биле присутни на натпреварот Работнички-Вардар што се одигра на Арената Филип Втори, по неговото завршување, се упатиле кон своите домови.Навивачите велат дека виновни за демолирањето на монтажното лизгалиште на плоштадот Македонија со метални шипки и бетонски коцки е друга навивачка група, која била одговорна и за ланските напади во с. Нерези.„Ние веруваме дека ниеден наш член, бивш или сегашен гледано индивидуално или пак групно не би нападнал без никаква причина. Притоа веруваме дека целиот инцидент е режија на друга навивачка група, која непрекинато ги прави овие проблеми на градскиот плоштад каде демне со цел да одземе наши реквизити и да ги нападне нашите членови кои ги носат истите. Таа иста група беше провокатор и на настаните во Нерези”, посочуваат од навивачката група “Комити”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.