Црна хроника
Осомничениот Хаџибулиќ префрлен во Ургентен центар
Осомничениот кај Универзална сала, Харун Хаџибулиќ доцна попладнево со силно полициско обезбедување е пренесен во Ургентниот центар, откако се пожалил на гадење и болки во стомакот
Болнички извори потврдија дека осомничениот за вчерашното пукање кај Универзална сала, во кое беше убиено едно лице, се наоѓа во Ургентниот центар и дека неговата состојба е стабилна. Неговиот адвокат Мирослав Вујиќ вели нема информации дека на неговиот клиент му се слошило. За Макфакс изјави дека се уште го чекаат осомничениот Хаџибулиќ кај Истражниот судија заедно со другиот осомничен Јасмин Лесковица и јавниот обвинител.Убиството се случи во понеделникот на булеварот Партизански одреди кај Универзална сала околу 16:40 часот. Расправијата започнала во влезот од една од зградите во изградба.Двајцата напаѓачи насилно ги внеле тројцата оштетени и почнале најпрвин вербална расправија.Почнале да го удираат триесет ишестгодишниот Кенан Кучевиќ со тупаници и клоци пред неговиот дваесетиедногодишен внук и триесет и четири годишниот пријател Мирсад Криешторац.Во еден момент еден од осомничените, најверојатно Лесковица, извадил пиштол и почнал да пука во Мирсад Криешторац. Му нанел тешки повреди во стомакот, надлактицата и надколеницата.Двајцата осомничени се обиделе да избегаат со возило „шкода октавија“, по што беа уапсени од алфите. Криешторац по кратко време им подлегна на повредите во Ургентниот центар, додека Кучевиќ заврши само со полесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

